Одбележани 19 години од загинувањето на шест припадници на тетовскиот гарнизон

Од:

Во тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ се одбележаа 19 години од загинувањето на припадниците на Армијата и гарнизонот во Тетово во 2001 година. На 5-ти јуни 2001 Исак Руфати, Николче Китанов, Пеце Матичевски, Влатко Миленковски и Благоја Силјановски загинаа во заседа на патот Шипковица-Гајре, додека на 1 јули на Тетовското кале од минофрлачка граната загинува Блашко Толев.

-Стоиме пред споменот на вашата пожртвуваност, тажни но благодарни за покажаната храброст и хероизам кои беа пример за сите нас во критичните моменти. Вие покажавте што значи да се биде патриот и како треба со целото свое битие да се сака сопствената татковина. Вашите семејства се гордеат со вас како што сме горди и ние припадниците на Армијата што ве имавме за нашите соборци. Наша обврска е никогаш да не заборавиме на вашиот херојски подвизи со кои ги задолживте сите сегашни и идни генерации на Армијата, истакна на одбележувањето потполковник Изаир Ејупи, командант на тетовската касарна.

Пред спомен плочата на припадниците на АРМ поставена во тетовска касарна беше положено цвеќе од делегација на Команда за операции предводена од Командант генерал-мајор Павле Арсовски, делегација од команда на 1-ва пешадиска бригада, делегација на гарнизот Тетово, Сојузот на борци Тетово и Одбор на бранители.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори