По повод 58-годишнината од смртта на Методија Андонов Ченто, денеска, делегации на локалната самоуправа, претставници на борците, партиите и граѓани, како и преставници од семејството положија свежо цвеќе пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп и му оддадоа почит на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, посочи дека Ченто е голема личност за македонскиот народ, а Прилеп се гордее што го има и секогаш ќе му се оддолжува и ќе му укажува должна почит на првиот претседател на АСНОМ.