Одбележана 112-годишнина од смртта на Никола Карев кај Свиланово

Од:

Со положување цвеќе на спомен обележјето на Никола Карев кај месноста Свиланово, близу кочанското селото Рајчани, денеска беше одбележана 112 годишнината од смртта на првиот претседател на Крушевската република Никола Карев.

На спомен обележјето на Карев кај Свиланово цвеќе положија делегации од збратимениот град Крушево, потомци од семејството Кареви, како и од општините Кочани, Пробиштип и Чешиново Облешево.

На одбележувањето на 112 годишнината од смртта на Карев кај Свиланово кој во борба со османслискиот аскер загина на 27 април 1905 година на пат за родното Крушево, пред присутнмите зборуваше Благој Димитров, пензиониран професор по историја.

Ученици од основните училишта што го носат името на Никола Карев од Крушево и Кочани изведоа уметничка програма, а свои стихови посветени на Карев читаа и поети од двата збратимени града.

На присутните на денешното чествувањео на годишнината од херојската смрт на Никола Карев им беше преставен проектот „Спомен парк Карев“ кој со заеднички финансиски средства деновиве ќе започнат да го градат општините Кочани, Пробиштип и Чешиново Облешево.

Годишнината од смртта на Никола Карев беше одбележана и со полагање цвеќе на споменикот на Карев во паркот на револуцијата во Кочани и на спомен обележјето кај селото Тркање.

Би можело да ве интересира

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани