Одбележана 10-годишнината од воведувањето посебните паралелки за деца со аутизам во Струмица

Од:

Општина Струмица денеска ја одбележа 10-годишнината од воведувањето на посебните паралелеки за деца со аутизам. ВД градоначалникот Коста Костадинов истакна дека како локална власт ќе продолжат со поддршка и вклучување во образовниот процес на сите категории граѓани.

– Притоа мора да се истакнат два факта кои посебно импонираат. Првиот факт е тоа што образованието за ученици со аутизам во нашиот град, започнало пред донесувањето на одлуката за востановување на Ден на свесноста за аутизмот во светски рамки. Вториот факт кој треба да не прави горди, е тоа што нашиот десетгодишен јубилеј е всушност и македонски јубилеј, што значи дека Струмица е втемелувач на образованието за ученици со аутизам во Република Македонија и вистински урнек и за другите општини во државата, рече Костадинов.

Меѓу стручните лица кои работат со децата со аутизам е дефектологот Спасе Додевски, кој истакна дека низ годините ги прошируваат и капацитетите.

– Од отворањето на овие паралелки во 2007 година, покрај честите дидактички опремувања и поддршка, на секои пет години реализираме по еден огромен проект поддржан од општина Струмица. Во 2012 година поради ограничениот простор се пушти во употреба доградба и опремување на уште две простории – училници со што значително се модернизира и зголеми просторниот капацитет на паралелките, а во оваа 2017 година се опреми Соба за сензорна интеграција на учениците со аутизам поради големите нарушувања во сензорниот развој, рече Додевски.

Посебните паралелки за децата со аутизам работат во рамки на ООУ „Сандо Масев“. На денешната прослава присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и советници, претставници на одделението за образование при општина Струмица, наставници, родители и пријатели на децата со аутизам.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица