А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележан Светскиот ден за заштита на биолошката разновидност

by А1он22/05/2013 - 15:4322/05/2013 - 15:46134
Share0

Заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезоски денеска се обратија на одбележувањето на Светскиот ден за заштита на биолошката разновидност што се одржа во Отешево.

Добивај вести на вибер

Организатори на настанот се Македонското еколошко друштво (МЕД), со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка – (ГИЗ), а под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

– Водата значи живот. Таа е основа за благосостојбата на луѓето, вклучувајќи ја водата за пиење, безбедноста на храната, и овозможува голем број економски активности. Екосистемите, особено шумите и влажните живеалишта, ја регулираат достапноста на водата и обезбедуваат чиста вода за човекот. Водите се cross-cutting тема и бараат партнерство за нивно зачувување и одржливо управување, изјави Темелковски.

Тој додаде дека прашањата за управување со водите се вклучени во глобалниот Стратешки план за биолошка разновидност за 2011-2020 година.

За значењето на биодиверзитетот и идните активности во насока на негова заштита и одржливо искористување во Преспанскиот регион зборуваше претседателот на Македонското еколошко друштво, Љупчо Меловски.

Главната тема на настанот беше „Водите и биодиверзитетот“, а присуствуваа и претставници од Германското друштво за меѓународна соработка. Присутните ја разгледаа изложбата на детски ликовни творби за биодиверзитет и го посетија Саемот за промоција на регионот, на кој беа претставени традиционални занимања, производство на храна, грнчарски занаети, рибарство, одгледување карактеристични сорти и производи…

ekologija

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 11:1029/03/2025 - 11:56

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ06/11/2024 - 09:3510/11/2024 - 23:03

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он05/05/2022 - 16:18

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он06/12/2021 - 15:36

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ24/10/2021 - 11:0524/10/2021 - 11:07

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска17/08/2021 - 14:5617/08/2021 - 14:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен