Одбележан Светскиот ден на здравјето

Од:

Македонското лекарско друштво кое постои 74 години и натаму ќе опстои со организација на континуираната медицинска едукација, на создавањето клиничките упатства и зачувување на честа и угледот на докторите по медицина во Македонија.

Ова денеска го истакна претседателот на Мaкедонското лекарско друштво (МЛД) Горан Димитров, на Свечениот собир во пресрет на 7 Април – Светски ден на здравјето. Годинава мoтото на Светскиот ден на здравјето е „Здравје за сите, здравје насекаде“.

На собирот се обрати и министерот за здравство Венко Филипче, кој ја потенцира посветеноста на Владата и на Министерството за здравство во унапредувањето на јавното здравје. Се осврна на реализираните проекти во здравството и нагласи дека еден од главните приоритети е осовременување на каленадрот на имунизација.

– Ќе воведеме нови две вакцини, од рота вирис и пнеумокок. Ќе формираме национално координативно тело кое ќе го контролира процесот на имунизација, од внесот на вакцините кај нас до крајниот корисник. Првпат направивме попис на расположливите вакцини во сите здравствени институции кај нас, рече Филипче. Додаде дека од крајот на месецов почнуваат со интензивни кампањи за подигање на свеста на населението и здравствените работници за важноста од вакцинацијата.

На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето присуствуваа заменик-мининстерот за здравство Гоце Чакаровски, претствници од МАНУ, декани на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, директори на приватни и јавни здравствени установи..

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“