Одбележан Светскиот ден на институтите „Конфуциј“

Од:

Преку отворени часови за изучување на кинескиот јазик, калиграфија и Таи чи  чуан, како и со оставање порака на  кинески јазик на ѕидот за пораки пред платото на НУБ „Свети Кирил и Методиј“, Кинескиот институт „Конфуциј“ денеска го одбележа Светскиот ден на институтите „Конфуциј“, 10-годишнината од основањето на првиот институт „Конфуциј“ и годишнина од основањето на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Институтот е меѓу 440-те во светот, а Македонија е меѓу 120 земји во кои Кина ги има отворено  институтите „Конфуциј“ за изучување на кинескиот јазик и култура.

Ректорот на УКИМ  Велимир Стојковски во своето обраќање на прославата нагласи дека Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ лани го направил вистинскиот чекор за основање на  институтот „Конфуциј“ при УКИМ.

– Денеска е една година од овој значаен чекор не само за УКИМ и Универзитетот во Ченгду, туку и за двете држави – НР Кина и Република Македонија. Можеме да оцениме дека беше не само значаен туку и навистина  успешен чекор, истакна Стојковски и додаде дека благодарение на овој центар досега 60 студенти од Македонија го изучуваат кинескиот јазик.

Ректорот посака  успешна и долгогодишна работа на Институтот и ги повика сите заинтересирани граѓани кои сакаат го изучуваат кинескиот јазик, калиграфија и култура и да се запознаат подобро со Народна Република Кина да го посетат институтот „Конфуциј“ при УКИМ.

Амбасадорот на Кина во Македонија Џеншун Вен во своето обраќање потсети дека  институтот „Конфуциј“ досега во 120 земји има отворено вкупно 440 институти.

– Овие институти ја промовираат кинеската култура и цивилизација. Веќе 30 години Кина брзо економски се развива и раширува насекаде низ светот. Мене ми е многу драго што македонските граѓани имаат се поголем интерес за кинеската култура. Затоа им се заблагодарувам на ректорот, директорите на Институтот и вработените, како и на сите волонтери кои помагаа во успешноста на Институтот, истакна Вен.

Нагласи дека за соработка на две држави потребно е да се познаваат јазикот и нивните култури, а  Институтот, како што рече, е тој мост кој ќе ги поврзе Македонија и Кина.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

Ќе се прави анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултетите

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски