Одбележан денот на загинувањето на првоборката Вера Циривири – Трена

Од:

Денеска се одбележа денот на загинувањето на првоборката Вера Циривири – Трена. И после 74 години од нејзината смрт, споменот за храброста на оваа народна хероина, но и нејзините идеи за слобода и рамноправност сѐ уште живеат и се вредности коишто го обликуваат нашето секојдневие.

Вера на само петнаесет години ја започнала нејзината револуционерна дејност и посветеност на народноослободителната борба на нашата земја. Вера Циривири – Трена загина млада, но во нејзиниот краток живот таа остави траен печат во македонската историја. Таа учествувала во омасовувањето на НОВ и СКЈ, а исто така и го организирала испраќањето на делегатите на Првото заседание на АСНОМ.

Нејзината целосна посветеност на народноослободителната борба, ослободувањето на Македонија и поставувањето темели на независноста и сувереноста на нашата земја оделе до таму што Вера свесно се жртвувала себеси и не се сокрила во некоја од куќите во кои се наоѓале скриените партизани, за да ги заштити. Вера Циривири – Трена е значајна личност која покажа како се сака татковината и како истата се штити од домашни и странски злонамерници.

Самопожртвуваноста на Вера Циривири – Трена и нејзините соборки била наградена во 1945 година, кога не само Македонија за прв пат станува суверена и независна држава, туку и жените за прв пат добиле право на глас, а женските права станале дел од Уставот на СФРЈ, што означило родова рамноправност во сферите на државниот, економскиот и општествено-политичкиот живот. Огромен е нашиот долг кон овие жени пред кои фашистичкиот окупатор и непријател треперел.

Штип и штипјани ќе продолжат да го одржуваат споменот на прилепчанката Вера Циривири – Трена и со почит и пиетет да се сеќаваат на Народноослободителната борба и најсветлиот дел од македонската историја.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му