А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележан денот на пожарникарството

by А1он20/05/2016 - 15:37245
Share0

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарството. Прославата почна со свечено постројување на скопските пожарникари, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Благоја Менковски, поднесе рапорт пред секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.

Добивај вести на вибер

– Градот Скопје во континуитет вложува многу ресурси и енергија за опремување и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје. Во 2011 година за бригадата се набавени три нови противпожарни возила за гаснење пожари во урбана средина. Едното противпожарно возило е набавено од Градот Скопје, а две се донација од Владата на Република Македонија. Градот Скопје за набавката издвои околу 13.600.000 денари. Изминатата година набавени се 2 превозни моторни пумпи за црпење вода со капацитет од 8.830 литри во минута, за што се одвоени 2 милиона денари, истакна Тодоровски.

Информира дека за оваа година е предвидена набавка на автоцистерна со капацитет од 16 кубни метри, а деновиве се гради и нов објект во општината Ѓорче Петров, каде што ќе бидат сместени полициска станица и новиот потцентар на Бригадата за противпожарна заштита.
Командантот Менковски изјави дека 2016 година ќе биде запаметена како значајна година за пожарникарството, пред се поради измените во Законот за пожарникарство, со кој конечно се решава статусот на професионалните пожарникари. Со новитетите во овој закон, пожарникарите добиваат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста, каде поради условите на работа, тежината, опасноста и штетноста по здравјето, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, стажот на осигурување ќе се смета со зголемено траење, односно за секои 12 месеци ефективна работа, ќе се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување.

pozarnikari

Би можело да ве интересира

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски20/09/2025 - 12:56

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Катерина Ѓуровски05/08/2025 - 13:09

На јавниот оглас за пожарникари се пријавиле помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50

Горан Наумовски23/07/2025 - 14:5023/07/2025 - 17:59

Ангелов: Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток

Горан Наумовски15/07/2025 - 16:01

400 невработени за 24.000 денари месечно ќе бидат ангажирани како пожарникари

Горан Наумовски07/07/2025 - 13:4107/07/2025 - 13:41

Во пресрет на сезоната на пожари: 50 застарени возила на АРМ и МВР ќе се „маскираат“ во нови

Горан Наумовски02/07/2025 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен