Одбележан денот на Единицата за специјални задачи „Тигар“

Од:

Единицата за специјални задачи Тигар денеска одбележа 39 години од нејзиното формирање. Техничкиот минситер за внатрешни работи Наќе Чулев истакна дека оваа единица која од формирањето како формациски, односно организациски дел на нашата полиција изгради маркантен професионален историјат.

-Од формирањето на 13 март 1981 година, па се до денес, генерациите нејзини припадници изградија еден маркантен, професионален историјат, етаблирајќи се како препознатлива и почитувана единица со кадар чијашто храброст и потенцијал и овозможува секогаш да биде подготвена и да одговори на сите поставени работни задачи и предизвици, независно колку биле сложени и специфични, истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во обраќањето пред „Тигрите“.

Тој изрази почит и благодарност на сите оние припадници на ЕСЗ кои ги дадоа животите на браникот на татковината.

-Нивната жртва не смее и нема да биде заборавена. За Вас и за сите кои досега го носеле амблемот со „Тигарот“ на нивната униформа и во нивното срце, љубовта кон професијата, кон својата земја, и обврската кон граѓаните биле и се на прво место и ние сме во бескрајно благодарни за тоа, потенцираше министерот Чулев во обраќањето.

Честитајќи го јубилејот, министерот порача дека секој од нив е свесен за значењето и улогата на ваков вид безбедносна служба, и нагласи дека континуирано треба да се вложува во развојот и работата на ЕСЗ и не само заради одржување на највисоките европски и светски стандарди за функционирање на ваков вид на специјални полициски единици, туку и заради безбедноста и спокојот на секој наш граѓанин.

На одбележувањето на денот на ЕСЗ Тигар присуствуваа и Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Би можело да ве интересира

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он