Одбележан Денот на акушерки и медицински сестри

Од:

Во јавните здравствени установи значително е намален бројот на сестрите, акушерките и инструментарките, кои бараат повисоки плати и подобри услови за работа, беше истакнато денеска на одбележувањето на 5 мај – Денот на акушерките и медицинските сестри.

Од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки укажаа дека бројот на медицински сестри се намалува од различни причини, како пензионирање, заминување во странство и преквалификации. Побараа поголемо валоризирање на нивниот труд, како и

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека медицинските сестри, техничари, акушерки со својата работа се еден од столбовите на здравствениот систем.

– Вашата професија бара постојана едукација и унапредување во струката и затоа медицинските сестри ќе ги задржиме во земјава со постојана едукација соработувајќи со престижни универзитетски центри, рече Филипче, кој истакна и дека ќе се вработуваат медицински сестри за да не се дозволи да се затвораат одделенија.

Одговарајќи на новинарски прашања Филипче рече дека странски лекари без лиценци не смеат да работат во Македонија.

– Недозволиво е странски лекари, непријавени без лиценци, односно не знаеме воопшто имаат лиценци, да работат каде било во нашата држава. Тоа најстрого ќе го санкцинираме и ќе го спроведеме кон другите институции кои имаат ингеренции да се справат со таа работа. рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“