Одбележан Ден на пензионерите во Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ги посети пензионерите во Пензионерскиот Дом во Општина Штип за заедно да го одбележат утрешниот Ден на пензионерите.

„Сакам да се заблагодарам на поддршката која ја добивам секојдневно од пензионерите и на поканата денеска да бидам дел од овој настан и да го честитам утрешниот Ден на пензионерите.

Тие се најискусните луѓе во нашето општество коишто поминале низ секакви случувања во животот и луѓе коишто носеле вистински одлуки, како за себе, за својата околина, за своето семејство, така и за целата држава, за Република Македонија.

Токму затоа ни е многу важно да имаме тесна соработка и комуникација со сите нив. Да се состануваме често, да разговараме и да разменуваме мислења, особено во вакви моменти кога државата е исправена пред едно крупно, важно прашање за иднината и идните генерации.

Во изминатиов период се состанав со многу пензионери и сум задоволен што гледам дека тие вистински, патриотски го сфаќаат ова прашање на давање поддршка за иднината на Република Макеоднија,“ истакна градоначалникот Бочварски.

На градоначалникот Бочварски му беше доделена благодарница во знак на пријателството, меѓусебното разбирање и успешната соработка помеѓу Здружението на пензионери во Штип и градоначалникот Бочварски, особено за заложбите на градоначалникот за излегување во пресрет на пензионерите во сите нивни барања.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му