Одбележан 70 годишниот јубилеј од ослободувањето на Тетово

Од:

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово и свечен собир организиран од Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија и тетовската организација на Сојузот на борци денеска беше одбележан 70 годишниот јубилеј од ослободувањето на градот во Втората светска војна.

Според членот на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија генералот во пензија Борис Стојановски ослободувањето на Тетово на 19. ноември 1944 година значеше и конечно ослободување на територијата на денешна Македонија.

– Оваа година одбележуваме 70 годишни јубилеји на многу значајни датуми од историјата на Македонија почнувајќи преку тој на Првото заседание на АСНОМ преку ослободувањето на повеќето градови низ Македонија за да завршиме со Тетово што беше последен ослободен град, изјави генерал Стојановски.

Во своето излагање тој се осврна и на формирањето на крупните единици на македонската народноослободителна војска што учествуваа во ослободувањето на Македонија.

Пред присутните свое обраќање имаше и претседателот на Главниот Одбор генерал полковник Тодор Атанасовски.

Пред споменикот на револуцијата денеска се поклонија делегации од Сојузот на борци на Македонија, Тетово, Гостивар, Брвеница, Свети Николе, општина Тетово, командата на тетовскиот гарнизон на АРМ, организацијата на резервни офицери од градот, здруженијата на воени инвалиди, ветерани и резервисти од одбраната на Македонија, Херои на Македонија, полициски и армиски ветерани, на  пензионерите, трудовите инвалиди, општинските организации на политичките партии ВМРО –ДПМНЕ, СДСМ И ВМРО –НП,  како и претставници на тетовските подружници на Српската заедница во Македонија, македонско – хрватското друштви и здружението Срби и Македонци Бранко Чајка.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов