Одбележан 25. годишниот јубилеј на „Канадско – македонското историско друштво“

Од:

Во Катедралната македонска православна црква „Свети Климент Охридски” во Торонто, синоќа се одржа гала вечера по повод 25. годишниот јубилеј на „Канадско – македонското историско друштво“.

На прославата присуствуваа околу 400 македонски иселеници од сите делови на Македонија и гости од други канадски асоцијации, кои ги поздрави предсетателот на Друштвото – Тодор Марковски, а присутните ги забавуваше оркестарот „Децата од Bуф“.

Оваа македонска иселеничка организација е единствена асоцијација од ваков вид во дијаспората која има за цел да собира и да ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот и други области. Тоа игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада и има своја библиотека. Исто така, Друштвото има за цел да ја развива свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина, соопшти „Канадско – македонското историско друштво“.

„Канадско-македонското историско друштво“ е формирано во 1991 година и работи во состав на иселеничкиот центар „Канадско-македонско место“, познато како „Старски дом“ кој е една од постарите македонски институции во Торонто.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец од Канада имал ментални проблеми – тој ѝ бил познат на полицијата

Горан Наумовски

Полицијата сè уште не го откри мотивот за масакрот во Канада, ниту пак е пронајдена порака од напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масакр во Канада: 10 мртви, 25 повредени, идентификуванa е напаѓачката

Катерина Ѓуровски

Суспендирана e скокачка со стап која ја финансира својата кариера на OnlyFans

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Карни: Канада не живее благодарение на САД, таа напредува затоа што сме Канаѓани