А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од задутре ладни проби на грејниот систем на „Балкан енерџи“

by А1он29/09/2016 - 14:14112
Share0

Компанијата за дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ најави дека од задутре започнува со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија. Целта на ладните проби е да се подготви и провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона.

Добивај вести на вибер

– Имајќи  предвид  дека доколку се случи пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15 октомври, проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки, соопштија денеска од Балкан енерџи од каде посочија на последните податоци за временската прогноза според кои во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.

За успешна подготовка на системот и навремена испорака на топлинска енергија, Балкан енерџи ги повикува потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.

За информирање или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават на телефонскиот број (02/3076-200), или да ја посетат веб страницата: www.poplaki.beg-distribucija.com.mk. Исто така, на тие броеви потрошувачите можат да ги добијат сите потребни информации.

– Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Иако бројот на објекти чии топлински станици не се ставени во работна состојба е намален во споредба со минатата година, поддршката од потрошувачите за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе за квалитетот на снабдувањето со топлинска енергија, се вели во соопштението.

parno

Би можело да ве интересира

Од денеска до 30 април, парно треба да има ако температурата е 12 степени

Катерина Ѓуровски15/04/2025 - 11:58

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски15/10/2024 - 08:0715/10/2024 - 08:12

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски30/09/2024 - 12:5830/09/2024 - 14:24

Се намалува цената на парното

Горан Наумовски29/07/2024 - 12:34

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Горан Наумовски15/04/2024 - 12:14

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Катерина Ѓуровски31/10/2023 - 09:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен