Од Водно се гледа магла, но не и Скопје – загаденоста на воздухот расте

Од:

Само две од триесетина мерни станици во Скопје, покажуваат дека воздухот не е загаден. Останатите покажуваат, покажуваат делумно, но и високо загадување. Четири мерни станици не даваат податоци или покажуваат ниски вредности со назнака „проблем со ова мерење“. Утрово погледот од Водно кон Скопје ги поткрепува податоците на мерните станици. Овен густа магла, градот не може да се види.

Утрово од Водно, градот не се гледаше поради густа магла

Загаден воздух, според апликацијата „Мој воздух“ детектираат мерните станици МЗТ-Гази Баба, Автокоманда, Кисела Вода односно мерната станица во близина на улицата „Борис Трајковски“, Аеродром кај Тобако, Маџир Маало, Клинички Центар, Центар, мерната станица кај „Излет“ во близина на булеварот „Партизански одреди“, мерната станица во Градски парк, Козле, како и мерната станица во СУГС Никола Карев во Карпош 3, Ѓорче Петров, Бардовци.

Мерните станици покажуваат дека воздухот во Скопје е загаден

Делумно загаден воздух покажуваат мерните станици во Аеродром кај Реонски центар и булеварот „Јане Сандански“, Ново Лисиче, Гази Баба, Црниче, Железара, Центар 2, Карпош 2, Алуминка, Карпош 4, Топанско Поле.

Високо ниво на загаденост покажува мерната станица во Кисела Вода, лоцирана во близина на улицата „Димо Хаџи Димов“. Чист воздух, покажуваат мерните станици лоцирани кај Министерството за внатрешни работи и Сопиште.

На Водно наместо магла има сонце

Дека воздухот е загаден е забележливо и од маглата, како и мирисот на чад. Утрово на Водно, сликата е поинавка. Скопје не се гледа, а сите кои испешачија до горе уживаа во сонце.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош