Од викендов топли радијатори и исклучените од системот ќе плаќаат сметки

Од:

Граѓаните кои живеат во станбени згради каде што има греење, задолжени се да плаќаат по 10 денари за метар квадратен, иако се исклучени од системот.

Од викендов скопјани ќе добијат топли радијатори. Иако грејната сезона официјално требаше да започне на 15 октомври, порадни ниските температури кои навечер паѓаат под 12 степени, топлификација предвреме го пушта греењето.

Компанијата прави контроли на терен, па сите објекти кои имаат проблеми со инсталацијата, на греење ќе мора да почекаат додека тие не бидат санирани.

Од Топлификација велат дека радијаторите, цевките и целата инсталација во зградите граѓаните ќе мораат сами да си ја санираат, бидејќи тоа согласно законите е нивна обврска.

Во меѓувреме се подготвуваат и новите сметки за оние кои се исклучени од системот за греење. Сител објавува дека нив граѓаните ќе ги добијат во ноември, а ќе се однесуваат на претхосниот месец. Граѓаните кои живеат во станбени згради каде што има греење, задолжени се да плаќаат по 10 денари за метар квадратен, иако се исклучени од системот.

Сител објавува дека сепак тоа нема да ги намали сметкиет на оние кои сеуште се греат на парно.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови