А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од Венецијанската комисија не бараме одложување на мислењето за Законот за јазиците, вели Заев

by А1он20/12/2019 - 11:4020/12/2019 - 15:01699
Share0

Владата никогаш не барала одложување на објавувањето на мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека било побарано одлагање на мислењето, бидејќи тоа „може да влијае на изборниот резултат“.

Добивај вести на вибер

– Тамам работа. Јас сум Зоран Заев кој го бранеше овој Закон уште кога албанските политичари и албанските политички партии беа поприлично резервирани, не знаејќи што ќе се случува околу самото законско решение. Ние треба да бидеме чесно, искрено и отворено поставени пред сите прашања, па и пред вака сериозни, нагласи Заев.

Тој потенцира дека Венецијанската комисија „на пластичен и на едноставно разбирлив начин“ ги дава своите аргументи и ги поздравила преземените чекори кои се дури и поголеми од европските вредности, но ни препорачува да внимаваме, бидејќи немаме „капацитетност“, што може да уништи многу други исто така важни, па дури и поважни права, како што е правото на правда.

– Јас верувам дека Законот ќе има полн капацитет во својата имплементација. Неговата примена е ставена во сила, никој не загубил ништо, добиваат само уставно право кое што претходно не им беше овозможено и на Албанците и на помалкубројните заедници, истакна Заев.

Тој нагласи дека верува оти ако сме Европејци на крајот европски ќе овозможиме целосна практична примена на овој закон, онака како што заслужуваат граѓаните на државата.

venecijanska komisijazakon za jazicizakon za jazicite

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 12:3507/04/2026 - 14:37

Рената Дескоска e избрана во раководството на Венецијанската комисија

Горан Наумовски13/12/2025 - 11:0113/12/2025 - 11:58

Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Горан Наумовски15/10/2025 - 08:00

Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски10/10/2025 - 14:5010/10/2025 - 14:50

Пред да влезе во собраниска процедура, за Законот за правична застапеност ќе се произнесе Венецијанската комисија

Горан Наумовски24/06/2025 - 11:11

Сиљановска-Давкова: Нема да употребам вето за да навредам некој јазик

Горан Наумовски07/01/2025 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто