Од утре задолжително поседување на зимска опрема во возилата

Од:

Од утре до 15 март задолжително треба да се поседува пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возило, велосипед и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи, информира Министерството за внатрешни работи.

Согласно Правилникот, како дел од зимската опрема на моторните возила со најголема дозволена маса што не надминува 3500 килограми возачите треба да поседуваат зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и ширина, со минимум од најмалку четири милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Под зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4×4) се подразбира зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од шест милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и ширина со минимум од најмалку четири милиметри. Ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3500 килограми се подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од шест милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и ширина со минимум четири милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

МВР апелира до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он