Од утре Саем за градежништво

Од:

Над 300 компании со разновидна програма од градежништвото ќе се претстават на 10. издание на Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација, што ќе се одржи од утре до 9 март на Скопскиот саем. Паралелно со најголемиот бизнис настан од областа на градежништвото Скопски саем ќе биде домаќин на 3. Саем за недвижности и инвестиции RealExpo.

Меѓу најавените компании на Саемот за градежништво, годинава со зголемен капацитет од 10 проценти, дел ќе изложуваат првпат, а дел по неколку годишно отсуство повторно се враќаат во халите на Скопски саем. Во три изложбени хали на површина од 9.000 метри квадратни ќе претстават градежни материјали, изолација, кровови, малтери, лепаци, бои и лакови, подови, лифтови, системи за обезбедување, плочки и санитарии, врати и прозори. Во надворешниот изложувачки простор ќе се претстават компании со програма од градежната механизација. Покрај домашни, на саемот ќе има компаниите од Србија, Турција, Италија, Словенија, Косово, Германија…

– Саемот за градежништво и оваа година ќе понуди богата програма од градежната индустрија, а капацитетот е зголемен за 10 проценти во однос на минатата година. Ќе се промовираат, нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, а сето тоа ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучат и новите трендови во повеќе категории, изјави oперативниот директор на Саемот за градежништво Валентина Димитрова.

Карактеристика на Саемот за недвижности, пак, ќе биде најавената понуда од инвеститорите на 1.500 нови станови. На штандовите ќе се вршат промоции на нови објекти и ќе се промовираат поволните услови за купување станови преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Потенцијалните купувачи на недвижнини ќе можат да ги проследат градежните и инвеститорски компании „Адора”, со понуда на енергетско ефикасни станови во Скопје, Охрид и Струмица, „Трим”, со станови во Скопје и Охрид, „Настел“, со станови во Скопје, како и понудите на „Импексл 2”, „Еуроактива” и „Курум Холдинг” со објект Гранд Престиж.

Во тек на саемот ќе се одвиваат и повеќе настани во Конгресниот центар на Скопски саем и на штандовите на изложувачите. Посебен акцент ќе се стави на презентацијата на тема „Искористување на волната и текстилниот отпад во изработката на изолациски материјали за градежната индустрија”, која ќе се одржи во среда, во организација на Агенцијата за енергетика, CeProSARD и Скопски саем. Проектот „Урбан Еко Експо 2013“ ќе има промоција во Метрополис Арена, каде секојдневно ќе се одвиваат презентации и промоции на тема „Зелена урбана палета“. Проектот е во соработка со Саемот на градежништво, Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило“, „Градски паркинг“, „Улици и патишта“, „Јавно сообраќајно претпријатие“, „Комунална хигиена“, „Водовод и канализација“ и „Дрисла“.

Од Скопски саем очекуваат годишното издание на саемите за градежништво и за недвижности да надмине 15.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска