Од утре почнува санација на штетите од поплавите

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека од утре почнува санација на штетите од поплавите што ги зафати некои региони во земјава.

Како што посочи при вчерашната посета заедно со премиерот Никола Груевски во Битолско, ќе се почне со санација на патишта и мостови, а штом се повлече водата во Новаци ќе се санира и користото на реката Црна.

По повлекување на водата Министерството за здравство превентивно со свои екипи ќе врши дезинсекција за заштита од заразни болести, а Министерството за труд и социјална политика преку своите центри ќе направи евиденција на сите загрозени семејства од поплавите.

Телефонските броеви што ги отвори Црвениот крст за донација за поплавените се уште се во функција и се повикуваат граѓаните и компаниите да донираат. Последните информации се дека се собрани околу 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он