А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од утре „Отворено со катастарот“

by А1он23/11/2014 - 10:26158
Share0

Агенцијата за катастар на недвижности од утре почнува со акцијата „Отворено со катастарот”, чија цел е граѓаните кои имаат прашања и проблеми да им се овозможи да ги решат веднаш, на самото место, да се запознаат со спроведените реформи и новини, но и да дадат сугестии, предлози и идеи за подобрување на работата на катастарската служба.

Добивај вести на вибер

Во рамки на акцијата, вратите на Агенцијата и нејзините 30 подрачни одделенија низ државата ќе бидат отворени секој ден од 9 до 17 часот. Отворените денови со катастарот почнуваат утре од градот Скопје каде акцијата ќе трае до 28 ноември. Распоредот за останатите денови на „Отворено со катастарот” е веќе поставен на веб страницата на Катастарот и во седиштата на сите општини.

Билансот на Катастарот во моментов е 107.000 запишани граѓани, со добиен имотен лист, а вкупната бројка на поднесени барања достигна 360.000. Од минатата недела почна и дистрибуцијата на направените елаборати, вкупно 603, за социјалните случаи кои имаат доставено вкупно 1.256 барања за легализација.

Постапката за легализација се уште не ја завршиле голем број граѓани, а како еден од главните проблеми и натаму е изработката на геодетски елаборати. Рокот за поднесување елаборат истекува на 31 декември 2015 година.

Акцијата „Отворено со катастарот“ започна во 2007 година и се спроведува седма година по ред.

katastar

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катерина Ѓуровски24/10/2024 - 09:25

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски23/08/2024 - 14:4423/08/2024 - 14:44

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on20/02/2024 - 14:20

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски05/07/2023 - 12:2905/07/2023 - 12:30

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Катерина Ѓуровски29/11/2022 - 11:49

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Ана Ололовска26/12/2019 - 14:1526/12/2019 - 14:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен