Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии од утре ги почнува отворените денови со граѓаните.
Во текот на целиот месец ќе бидат организирани средби со заинтересираните граѓани кои ќе имаат можност да добијат стручна помош за нивните проблеми од имотно-правен карактер.
Акцијата ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата од 08:30 часот до 17:30 часот.