Од утре најавен прекин на железничкиот сообраќај, поради неисплатен втор дел од платата за октомври

Од:

Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.

Како што изјави Чакаровски, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.

Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемврриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.

Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден

Би можело да ве интересира

Синдикатот на контрола на летање: Имаме право на штрајк

Предраг Петровиќ

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Грчкиот парламент денес гласа за воведување на 13-часовен работен ден

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Грција, делумно суспендиран транспортот

Грчките државни службеници штрајкуваат 24 часа

Протестираат вработените во „Флораком“ и „Луна“, си ги бараат заостанатите плати