А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Од утре ќе се фрлаат мамки за вакцинација на лисиците, граѓаните да не ги допираат

by Кристијан Ландов10/10/2018 - 17:04179
Share0

Утре почнува 13. есенска кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за вакцинација на лисиците против беснило.

Следете a1on на Instagram Instagram

На целата територија на Република Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови заклучно со 19 октомври, од спортските аеродроми во Скопје и Штип  ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки.

АХВ апелира граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките има пластична капсула со течна вакцина која содржи ослабен вирус на беснило, како и биолошки маркер – тетрациклин за утврдување на успешноста на вакцинацијата.

– Како одговорна институција апелираме мамката да не се допира,но, доколку сепак граѓаните дојдат во контакт со неа, таа треба внимателно да се отстрани и остави во помалку населена област, каде ќе биде неможно истата да дојде во контакт со деца. Ако се случи граѓаните да дојдат во контакт со течната содржина од капсулата, неопходно е рацете да се измијат со голема количина сапун и вода, во траење од најмалку пет минути и задолжително веднаш да појдат на лекар. Мамката внимателно треба да се земе со ракавица или кеса и да се понесе со себе, велат од АХВ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Агенцијата ги потсетува сопствениците на домашни миленици кучиња и мачки дека имаат законска обврска да ги вакцинираат животните против беснило иако болеста во Македонија последен пат е регистрирана во 2012 година.

По реализација на вакциналната кампања против беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе пост-вакцинален мониторинг заради контрола на успешноста на оралната вакцинација.

Кампањата за вакцинација се реализира со финансиска поддршка на Европската унија.

ahv

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски26/10/2026 - 10:3826/10/2026 - 10:39

Продолжуваат контролите на зелените пазари

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 09:58

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски17/10/2026 - 10:1317/10/2026 - 11:01

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 13:4626/09/2026 - 13:57

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он25/09/2026 - 17:34

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он07/09/2026 - 13:3307/09/2026 - 13:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео