Од триесетина деградирани дипломати Бујар Османи им го вратил звањето само на оние кои го добиле МНР на суд

Од:

Министерот Бујар Османи им го враќа звањето само на оние дипломати кои го добиле на суд Министерството за надворешни работи, а не на сите деградирани дипломати како што тврдат од неговиот кабинет.

Ова за „А1он“ го вели амбасадорот Зоран Дабиќ, поранешен Шеф на Мисија на РМ во ОБСЕ и ООН во Виена и НАТО во Брисел, а сега прв човек на Македонскиот дипломатски синдикат.

Синдикатот се пожали дека МНР во последните неколку години брутално деградирало триесетина дипломати. Она што Никола Димитров го направил во 2019 година, Османи не го исправил.

„Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Без никакво објаснување, незаконски, тивко, под закрила на нова систематизација. Сеча на дипломати. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до Апелација.

Да потенцирам, Бујар Османи се брани дека тој не ги деградирал амбасадорите, но ние не го спомнавме него. Она што Никола Димитров го направи во 2019 година, Османи не го смени и не ги врати луѓето на функција. Дури откако овие луѓе ќе добијат на суд, тој им го веаќа звањето. Но, не доброволно или со одлука за систематизација, туку поради тоа што загубил на суд“, истакна Дабиќ за „А1он“.

По нивното соопштение до јавноста дека МНР во времето на Никола Димитров деградирало искусни дипломати, вклучително и дел со највисок амбасадорски ранг на најниски можни позиции, кабинетот на Бујар Османи се обиде да го демантира соопштението како целосно неоснована клевета.

„Прво, предметните наоди за преструктуирање на неколку дипломати се донесени во јули 2019 година, повеќе од една година пред актуелниот министер Османи да дојде на чело на дипломатијата во септември 2020 година. Во текот на жалбената постапка, Комисијата која не е во Министерството за надворешни работи, туку во Агенцијата за администрација, (жалбите) им се одбиваат, по што некои од нив поднесуваат тужби на суд. Онаму каде судот го уважи тужбеното барање, Министерството навремено ги спроведе сите судските одлуки и на дипломатите им беше вратено административното звање.

Не само што тие се интегрирани во дипломатската работа, туку и поголемиот дел од нив потоа беа упатени и на мандати во дипломатско-конзуларните претставништва. Во насока на демантирање на целосно неоснованите клеветења, сакаме прецизно да истакнеме дека од именувањето на министерот Османи па до денес нема ниту еден случај на уназадување или распоредување на дипломат во пониско административно звање, и соодветно, Министерството не е соочено со ниту еден нов случај или нова тужба од ваков тип“, се наведува во реакцијата на МНР.

Единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како ‘нејасна’.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Русија: Шест британски дипломати обвинети за шпионажа

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски