А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Од Солун до Загреб“ – грчка иницијатива за заедничка иднина на балканските земји и Европа

by А1он23/02/2020 - 08:41488
Share0

Во рамките на грчките иницијативи за промоција на ЕУ перспективата на регионот, утре во Солун ќе се одржи конференцијата на високо ниво насловена „Од Солун во Загреб“, на која ќе учествува и министерот Никола Димитров, конференција, која според грчки дипломатски извори, заедно со хрватско претседателство и во соработка со Европската комисија, се стреми да им овозможи на земјите од Западен Балкан да бидат „слушнати“ во пресрет на мајскиот Самит во Загреб, јави дописничката на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

Според истите извори, грчката дипломатија се стреми, преку конференцијата да стави јасно до знаење дека европската перспектива на овие земји е приоритет, не само за нив, туку и за другите балкански држави кои се веќе членки на ЕУ.

На конференцијата, освен домаќинот, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, ќе присуствува и министерот Никола Димитров, како и министрите за надворешни работи од Бугарија, Хрватска, Италија, Црна гора, Србија, Словенија, Косово, вршителот на должност МНР на Албанија, заменикот МНР на Босна и Херцеговина, надлежните Генерални секретари за европски и регионални прашања од Министерствата за надворешни работи на Романија, како и генералната секретарка на европската служба за надворешни активности, Хелга Шмид и заменикот генерален директор за проширувањето и соседската политика во Европската комисија.

Со конкретната иницијатива, Грција, според дипломатските извори, се стреми да ја истакне дополнителната вредност на проширувањето на ЕУ, како во обезбедувањето стабилност и просперитет на Балканот, така и во конзистентното и непрекинато продолжување на реформските напори што ги прават земјите од регионот.

Паралелно, истите извори додаваат дека земајќи ги предвид неодамнешните предлози на Европската комисија за изменување на методологијата за проширувањето на ЕУ, конференцијата е одлична можност за сите балкански држави, без разлика дали се веќе членки на ЕУ или не, да се изразат на заеднички начин, потврдувајќи ја нивната заложба за европското здание.

Конференцијата, ќе започне утре наутро во Солун, а ќе заврши со прес конференција на која ќе говорат шефот на грчката дипломатија, министерот за надворешни работи на Хрватска, со оглед на тоа дека земјата е претседавач со ЕУ, како и претставникот од Европската комисија.

Дипломатските извори од Атина, пренесува МИА, брифираат дека на конференцијата ќе има две сесии првата на тема „ Advancing the European Integration of the Western Balkans: Current challenges and Perspectives “ и втората, „The Western Balkans in Europe: The way ahead“, што всушност ќе биде работен ручек.

За значењето на утрешната конференција во Солун и за тоа колку би можела да придонесе за забрзување на европската перспектива на Скопје и Тирана, дописничката на МИА од Атина, побара одговор од заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, на редовниот брифинг со новинарите, одржан во средата.

-Мислам дека е уште еден форум, уште една алатка за да можеме да ја развиеме нашата политика што секогаш ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан. Многу е позитивно тоа што доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, кој имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис. Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти, рече Пецас, како што веќе објави МИА во средата.

eumnr

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто