Од следната година Програма за борба против кардиоваскуларни заболувања во Македонија

Од:

Од следната година првпат во Македонија ќе претставиме една владина Програма за борба против кардиоваскуларни заболувања, која ќе има повеќе активности. Една од основните цели на Програмата е до 2020 година да имаме за 20 отсто намалување на стапката на морталитет од кардиоваскуларни заболувања во Македонија.

Ова го изјави министерот за здравство Никола Тодоров во Реонски парк – Ѓорче Петров, каде денеска од 9 до 13 часот стручни екипи на Институтот за јавно здравје вршат бесплатни лекарски прегледи по повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето.

Тој информира дека кардиоваскуларни заболувања се причина број еден за смртност во Македонија.

– Од 19 илајди смртни случаи, над 11 илјади се од овие кардиоваскуларни заболувања или околу 59,2 отсто што е многу висока стапка на смртност, рече Тодоров.

Поради тоа, посочи, сметаме дека е повеќе од неоходно да изготвиме една ваква Програма за борба против кардиоваскуларни заболувања во Македонија. Програмата ја изработи Институтот за јавно здравје, а се оечкува да биде донесена 2013 година.

Тодоров истакна дека акцентот ќе биде ставен на промоција на здравје, здрави навики, здрава исхрана, физичка активност.

– Фокусирани сме и на интервентната кардиологија. Освен во Скопје сакаме да имаме ваков тип на интервентната кардиологијаи во други центри. На 6. август почнавме со интервентната кардиологија во Битола, а ќе почнеме и во Тетово и Штип. Имаме обуки кои ги спроведуваме овој период, а еден доктор кардиолог ќе биде испратен на шестмесечна интервентна кардиологија во Дедиње, Белград, рече Тодоров.

Министерот за здравство истакна дека како и секоја година и оваа Светскиот ден на срцето се одбележува со контролни прегледи на отворено, кои опфаќаат мерење шеќер во крв, холестерол, крвен притисок и телесна маса. Беше поделен и едукативен материјал со превентивни пораки за здраво срце.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство