Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Од:

Дрво падна на булевар во центарот на Скопје при што е повредена жена. Пренесена е на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Сообраќајот на тој дел од булеварот е во прекин, се расчистува улицата од гранки и остатоци од дрвото.

И во други делови од главниот град има пријави за падната дрвја. Во близина на „Веро Џамбо“, попладнево падна дрво врз автомобил како резултат на силниот ветер.

УХМР апелираше за внимание од појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер над 70 километри на час.

Од УХМР ппредупредија дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.

– Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени, информираа од УХМР.

Би можело да ве интересира

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

УХМР: Од вторник нестабилно време со дожд и силен ветер

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа