Од шест часот наутро блокада на „Илинденска“ – Приватните превозници ќе паркираат 200 автобуси пред Градското Собрание

Од:

Приватните превозници утре со почеток од шест часот ќе гоблокираат сообраќајот од кај семафорите кај Влада во правец на МИ-ДА и обратно, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание за да и се докаже на Данела Арсовска дека тие имаат многу повеќе возила од тоа што таа го тврди.

Ова го најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски кој додаде дека ќе биде блокирана само десната лента на булеварот „Илинден“. Причина за блокадите е што приватните превозници не постигнале договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и со ЈСП за исплата на долгот кој го бараат тие.

– Верувајте, имам работа со луѓе кои се разумни, добро ја разбираат ситуацијата и не сакаат да направат проблеми. Добивме известување од директорот на „Златно Славејче“ дека ќе се одржува фестивал и не замоли да го одложиме протестот или да најдеме друг начин. Тоа е емпатија на која не може да не одолеете. Некои граѓани ни рекоа дека е подобро да се прави протест кај Градско Собрание.

Не можеме да кажеме, ќе покаже утрешниот ден и од резултатот ќе зависи дали ќе има блокади во текот на викендот и почетокот на следната недела. Ако не сака да седне маса Арсовска и ако навистина таа се залага за јавниот интерес, покрај сите зборови, во интерес на тој јавен интерес, треба да седнеме и да најдеме решение – рече Јовановски.

Ако нема исход од средбата, ќе се блокираат и крстосниците кај ТЦ Мавровка и кај Црвен Крст, а има најави дека ќе се радикализираат протестите ако нема договор во скоро време.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци