Од септември ќе почне реконструкција на болницата во Отешево

Од:

Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев денеска ги посети Здравствениот дом во Ресен и Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања–Отешево.

Од Министерството за здравство информираа дека на средбата со раководството и стручниот колегиум во Отешево се разговарало за актуелните проблеми, пред сè од инфраструктурен аспект, и во таа насока државниот секретар најавил дека е планирана реконструкција на овој објект која треба да почне во септември годинава и да се реализира во следните две години.

Во Здравствениот дом во Ресен, Милошев остварил работна средба со стручниот колегиум, на која станало збор за актуелните состојби во оваа здравствена установа, како и можностите за подобрување на условите за работа и лекување.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on