Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја добил Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП.

„Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во Понеделник на 11.03.2024 година со издавање на Решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП, и други наложени епидемиски мерки. Исто така ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП. Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје“, објаснија од Инспекторатот.

Од самиот старт на епидемијата контрола врз вакциналните статуси на децата врши Министрерството за труд и социјална политика, а Државниот санитарен здравствен инспекторат немаше надлежност да ги проверува децата како што тоа го препорача Комисијата за заразни болести.

– Државниот санитарен здравствен инспекторат(ДСЗИ) нема ваква надлежност да ги поверува децата. Ние може да ги санкционираме родителите кои од икс причини не ги однеле децата на редовна вакцинација согласно календарот за имунизација и преку постапка на порамнување ги повикуваме и ги казнуваме росителите. Глобитре се движат од 300 до 650 евра. Согласно законот за заштита на население од заразни болести ДСЗИ ќе врши вонредни инспекиски надзори и ќе забрани прием на деца кои не се вакцинирани со ди-те-пер вакцина тогаш кога препораката на Комисијата за заразни која е советодавно тело на министерот, стане прифатена и се донесе одлука да му се наложи на ДСЗИ да врши проверка пред овие установи – рече директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.

За месец март се предвидени само редовни инспекциски контроли во вакциналните пунктови и ќе се проверуваат опремата, просторот, дали пунктовите имаат антишок терапија, дали имаат уредна документација и дали тие списоци се испратени до ДСЗИ.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

A1on