Од петок нови врнежи

Од:

Најмногу дожд денеска наврнало во Ѓуриште – 24 л/м2, а по дождот има пад и на температурите на воздухот. Па така најтопло денеска беше во Охрид, Битола и Кавадарци каде се измерени 22 степени. Дождливото време ќе продолжи до крајот на неделава.

До 17 часот во Велес наврнаа 11 л/м2 дожд, во Гевгелија – 9, во Штип – 8, во Крива Паланка, Кавадарци и Виница – 7, во Скопје-Зајчев Рид – 6, на Попова Шапка и Крушево – 5, во Тетово – 4, во Струмица и Прилеп – 3, во Охрид и Тополчани – 2, и најмалку дожд имало во Битола, Маврови Анови и Лазарополе.

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер