Од октомври лекови на товар на Фондот само со рецепт и лична карта или пасош

Од:

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош, соопштија денеска од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

До тој период, како што информираат од ФЗОМ, на сила се постоечките позитивни прописи со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице при користење на здравствени услуги на товар на Фондот.

– Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица, се наведува во соопштението на ФЗОМ.

Би можело да ве интересира

Беќаровски: Дали поверувавте дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче

Ана Ололовска

Шестгодишната Јана починала од срце – нема недостатоци при лекувањето утврди ДСЗИ

Анита Петровска Рајковиќ

Од шеќер 19 не се умира, тврдат лекари – Од што почина тогаш 6-годишната Јана, згрешиле ли докторите?

Анита Петровска Рајковиќ

Почина 6-годишно девојче: Го однеле во болница со настинка, умрело при примање на инфузија

А1он

Доктор на науки отпуштена од Здравство: „Новиот министер, штом влезе во кабинетот, ме избрка без причина“

Орце Костов

Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни

Горан Наумовски