Од март навремена исплата на боледувањата и породилното

Од:

Од март наредната година осигурениците ќе ги добиваат надоместоците за породилно или за боледување навремено, без доцнење. Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе ја гарантира исплатата без разлика дали фирмата редовно ќе ги подмирува здравствените придонеси или не или пак ќе отиде во ликвидација или стечај.

Ќе се гарантира и исплата на надоместокот за породилно за лицата кои се вработени со договор за определено време и ако тој биде прекинат за време на породилното отсуство. Останува обврската да бидат плаќани придонесите шест месеци пред отворањето на породилното отсуство.

За таа цел, како што информираше на денешната прес-конференција директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева – Змејкова Владата на вчерашната седница е усвоен модел кој треба да овозможи навремена исплата на надоместоците или пак за одредени лица можност првпат да ги остварат правата на вакви надоместоци. За тоа, појасни, се потребни и законски измени кои треба да бидат усвоени во наредните три месеци и да почнат да се применуваат од март наредната година.

– Првата и најголема измена ќе значи ФЗОМ да ги гарантира и исплаќа надоместоците за веќе отворено боледување и породилно отсуство без разлика дали фирмата каде лицето работи плаќа или не плаќа навремено придонес за здравствено осигурување. Фондот за ќе ги гарантира и исплаќа породилните надоместоци и за лицата кои што имаат договор на определено работно време без разлика дали тој ќе им истече додека трае породилното отсуство. Трета законска измена значи воведување дисциплина кај фирмите со цел навремено и редовно доставување на барањата за отворање породилни отсуства и боледување преку утврдување рокови и санкции доколку тие не се почитуваат, рече Парнарџиева Змејкова.

Таа појасни дека за да се овозможи навремена исплата на надоместоците се планира и административно олеснување во поднесување на барањата.

– Практично фирмата осигуреникот или болницата само со еден документ и електронска достава ќе можат автоматски да му најават на Фондот дека предметот за боледување или за породилно е отворен, а Фондот сите потребни документи ќе ги обезбеди по службена должност, рече директорката на ФЗОМ.

Фондот воведува и нов модул систем за автоматизирање на целиот процес на обработка на предметот во подрачните служби со цел, како што рече таа, да се намали потребата од човечки ресурси и да се минимизира ризикот од административен застој на предметите и нивнатата обработка.

Сите измени, според Парнарџиева Змејкова, треба да овозможат да се обезбеди исплата кога на младите родители или на болните им е потребен надоместокот, а тоа е, како што рече, веднаш, како и да се елиминираат гужвите на шалтерите, да се минимизира периодот на достава на предметите, да се забрза исплата, да се растоварат фирмите од одредени обврски…

На ваков начин, потенцира директорката на ФЗОМ, ќе се елиминираат причините за застој и проблеми во исплатата на надоместоците, кои од анкета направена минатата година биле лоцирани во најголем дел или 35 проценти кај фирмите поради ненавремена или неточно пресметана исплата на првите денови од боледувањата кои се на нејзин товар, потоа 30 проценти во ненавремено поднесување на барањата за отворање боледување или породилно, како и заради некомплетна документација, неажурност на Фондот или ненавремена исплата на придонеси од страна на фирмите.

Од ФЗОМ не очекуваат новиот модел да има сериозни финансиски импликацџии односно зголемување на средствата за надоместоци, оти како што рече парнаџиева Змејкова, Фондиот бил долќен да ги исплати без разлика кога ќе го направи тоа дали порано или подоца,

За наредната година во Буџетот на ФЗОМ се планирани околу 1 милијарда и 650 милиони денари за надоместоци за породилно и околу 400 милиони денари за надоместоци за боледувања.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски