Од Ковид-19 во земјава досега починаа 7.337 лица

Од:

Триесет и осум отсто од популацијата во државава е целосно вакцинирана, а 54.170 примиле трета доза. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 1.483 тестирања регистрирани се нови 172 случаи со Ковид-19, девет починати и 381 оздравен пациент. Активни се 8.331 случај од кои најголем број 3.810 се во Скопје.

Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Педесет и шест отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.449 заболени, оздравени се 193.781 пациент, а починати се 7.337 лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска