„Од гаќи ќе ве истресам со истрага“, Русковска до судиите кои ја пуштија Катица во куќен притвор

Од:

Апелациониот суд во Скопје со соопштение реагира на изјавата за „А1он“ дека ќе спроведе финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Катица Јанева во куќен притвор.

Судот ја пренесе и содржината на пораката која Русковска му ја испратила на еден од тројцата судии кои ја донесоа одлуката.

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“, пишува во СМС пораката од страна на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција Скопје, Вилма Рускоска до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје.

„Апелациониот суд Скопје, во врска со изнесената содржина на СМС пораката, како и подоцнежен јавен настап на јавниот обвинител со слична содржина во медиумите, недвосмислено изразува став дека тоа претставува директна закана и грубо мешање во работата на судот каде јавното обвинителство е само странка во постапката.

Апелациониот суд Скопје смета дека ваквото однесување на јавен обвинител претставува искористување на позицијата на јавен обвинител и обид преку јавен настап да се наметне постоење на елементи на корупција во постапувањето на Кривичниот совет и да се изрази неосновано и паушално сомневање во поглед на правилноста и законитоста на одлуката на Кривичниот совет за определување на мерка куќен притвор која по својата законска поставеност и правна природа е мерка која после мерката притвор, претставува најстрога мерка за обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка“, се вели во соопштението на Апелација.

Според информации на „А1он“, одлуката за Јанева ја донеле судиите Сафет Кадрии, Јани Нича и Зоран Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска

Апелација им ги намали затворските казни на осудените за „27 април“

Ландов

Одбиена тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Искра Манојлоска

Денеска пресуда за тужбата за клевета на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Случај Русковска против ВМРО-ДПМНЕ: Изборните спотови „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“ презентирани во Граѓанскиот суд

Ана Ололовска

Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ и бара отштета од 10 илјади евра, ќе ги донира за СОС Детско село

Ана Ололовска