Од денеска задолжително поседување зимска опрема во возилата

Од:

Од денеска стапува во сила законската обврска за поседување зимска опрема во возилата. Согласно Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, сите возачи мора да ја имаат во своето возило, без разлика дали се движат во град или на отворен пат.

Под зимска опрема се подразбираат гуми за зимска употреба на погонските тркала, односно радиални пневматици на сите тркала или пневматици со летен профил, чија длабочина на шарата изнесува 4 мм, ако во возилото во приборот има синџири за погонски тркала, а за автобуси и товарни возила и лопата. Возачите ќе се казнуваат со глоба во износ од 15 евра ако не носат опрема.

Законската обврска за носење зимска опрема во возилата ќе трае до 15 март следната година.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР