Од денеска во Скопје хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите

Од:

Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие.

Акцијата е во координација на Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.

Хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донираат и врати и прозорци, што е планиарно за втората фаза од акцијата.

Според организаторите, се водела голема Фејсбук кампања за отворањето на хуманитарниот пункт. Веќе имаат собрано лекови и се надеваат дека за четири до пет дена ќе се координираат сите со автомобили и со комбиња за да ги однесат до семејствата.

Ги повикуваат сите граѓани да дојдат со своите донации, кои потоа ќе бидат однесени до семејствата кои се загрозени од пожарите.

Би можело да ве интересира

Пожар над месноста Еврејски гробишта во Битола

Бандера се запалила ноќеска во Росоман, интервенирале кавадаречките пожарникари

Ана Ололовска

Пожар во стан кај ТЦ Бисер – го гаснат деветмина пожарникари со три возила

А1он

Изгоре локомотива на „Македонски железници“ кај Велес

Ана Ололовска

Локализиран пожарот во Прилеп, пожарникарите остануваат на терен

Ана Ололовска

Изгаснат шумски пожар над тетовско Џепчиште

Ана Ололовска