Пожар во стан кај ТЦ Бисер – го гаснат деветмина пожарникари со три возила

Од:

Пожар избувна претпладнево во стан во скопската населба Аеродром. Пожарот се случи во зграда која се наоѓа зад трговскиот центар Бисер.

Огнот започнал да се шири од стан на петтиот кат во зградата, по што веднаш била повикана противпожарната служба.

Од противпожарната бригада за А1он потврдија дека екипи веќе се на терен и се работи на локализирање на пожарот.

„Веднаш е излезено на терен и се интервенира со три противпожарни возила и деветмина пожарникари. Се уште се работи пожарот целосно да се локализира“, изјавија за А1он од противпожарната бригада.

Во пожарот нема повредени.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола