Од денеска шест меѓуградски линии преку Автобуската станица во Прилеп

Од:

Со заштитни мерки, според прописи и инспекциска контрола, од денеска се во функција шест линии во меѓуградскиор сообраќај преку прилепската автобуска станица.

Според раководителот на Автобуската станица Петар Размоски, од 26 мај имаше две линии, од денеска се шест и се применувата сите мерки, а ниспекцијата е редовна.

-Од 6 часот наутро има автобуска линија на „Пелагонија транс“ за Струмица, од 6.30 за Скопје, од 7.30, автобус на „Транскоп“ Битола за Скопје, од 8.30 автобус на „Галеб-Охрид“ е за Кочани и Штип, во 9.30 часот пристигнува автобус на „Авто атом“ од Штип преку Прилеп за Битола и Охрид и во 11.40 часот има превоз за Крушево. редовно се врши инспекција на Автобуската станица. Се е под контрола. Неопходни се маски, заштитни средства, дезинфекција. Патниците се на растојание од најмалку 1,5 метри. Според прописите, во автобус најмногу може да има 22 патници, во комби, еден, вели Размоски.

Нусрет Аљароски е превозник на релацијата Кичево-Прилеп.

-Денеска почнавме, имам четворица патници. Добив дозвола од Центарот за јавно здравје. Имам дезинфекција на комбито, според прописите е. Јас и патниците мора да носиме маски, вели Аљароски.

Домника Ѓорческа од Крушево, од почетокот на пандемијата патувала со автомобил на релација Прилеп-Крушево. Денеска првпат ќе се вози со јавен меѓуградски превоз.

– Првпат по два и пол месеца од короната, патувам со јавен меѓуградски превоз. Сметам сум заштитена, но многу е битно и другите да преземат мерки за заштита, бидејќи би било бесполезно. Најбитно е да внимаваме и да се штитиме, вели Ѓорческа.

Фреквенциајта на патници во прилепската Автобуска станица е само пет отсто од онаа пред вонредната состојба. Порано, дневно патувале околу 1000 граѓани на преку 20 меѓуградски релации.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он