А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести

by А1он04/05/2020 - 10:50395
Share0

Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар, соопшти Министерството за здравство.

Распределбата на онколошката терапија, таа што може да се прима во регионалните центри, каде има услови за тоа, како што се посочува, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик.

Дисперзијата и пренасочувањето на пациентите се применува само за одредени типови карцином заради специфичноста на онколошката терапијата и потребата од посебни услови за примање. Во регионалните центри во Битола, Штип и Тетово ќе се прима супкутана и таблетарна терапија. Пациентите што ќе бидат пренасочени во некој од овие центри претходно ќе бидат информирани од својот доктор онколог или сестра од Клиниката за онкологија, во однос на тоа дали ќе има промени, кој е точниот термин и регионалниот центар каде ќе може да ја прими терапијата или да ги подигне таблетите. При дисперзијата во регионалните центри се следи точниот календар на примање терапија за секој пациент одделно, истакнуваат од Министерството.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во регионалниот онколошки центар во Битола, терапија ќе може да примаат пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Демир Хисар и пациентите од селата и населените места околу овие градови. Во онколошкиот центар во Штип се распределени пациентите од Виница, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Неготино, Делчево и Валандово, и пациентите од селата околу овие општини. Кон регионалниот центар во Тетово се приклучуваат пациентите од Гостивар и Дебар како и селата околу овие општини.

На Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје, својата терапија ќе продолжат да ја примаат покрај пациентите од Скопје, уште и од Куманово, Велес и Крива Паланка. Со обезбедувањето побезбеден начин за примање на онколошката терапија, упатуваме апел до пациентите да ги следат препораките од својот онколог за дополнителна заштита и да не се изложуваат на непотребен ризик, стои во соопштението.

mzzdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Горан Наумовски30/05/2026 - 15:25

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:22

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто