Од денеска ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата

Од:

Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Ограничувањата за пловидба на скутерите, според првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.

Инспекторите, како што посочи, постојано се на терен, без разлика на викенд или паразник. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра, но Устијаноски нагласи дека прво постапуваат едукативно и превентивно со советување.

– Постојат прекршоци за кои веднаш можеме да издадеме забрана, веднаш да сакнционираме, но постојат некои недостатоци каде можеме да посоветуваме, да дадеме рок до кога може да се средат,  отстранат недостатоците. Доколку тој рок не се испочитува тогаш стапува на сила забрана за пловидба, но ако се продолжи со пловење и понатаму се изрекува и глоба, појасни Устијаноски.

Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски