Од денеска аплицирање за субвенции за набавка на печки на пелети

Од:

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети.

Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, соопштуваат од Град Скопје.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик може да го погледнете на следната интернет врска

Барањето за граѓаните може да го преземете од следната интернет врска

Барањето за потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за недвижниот имот може да го преземете од следната интернет врска

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси