Од денеска јавно ќе се објавуваат имињата на кодошите

Од:

Стапи на сила Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, кој предвидува јавно објавување на имињата на соработниците на тајните служби.

Ќе се лустрираат лицата кои стекнале капитал во претпријатија со општествена сопственост, согласно Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Обврска за поднесување изјава до Комисијата, дека не биле кодоши, ќе имаат сите поранешни и актуелни носители на јавни функции, претседателот на државата, премиерот, министрите, пратениците, судиите, јавните обвинители, Народниот правобранител, адвокати, нотари, медијатори, директори на јавни претпријатија, членовите на МАНУ, воените лица, вработени во високо образовните институции.

Новинарите, верските лица, невладините организации и членовите на политичките партии со новите одредби немаат обврска да поднесат изјави до Комисијата за лустрација, тоа можат да го сторат доброволно.

Со Законот ќе биде опфатен периодот до 2006 година, кога почна примената на Законот за слободен пристап до информации

Законот е донесен без опозицијата во законодавниот дом.

 

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска