Од дебарското муфтиство на аџилак 17,од Македонија 770 верници

Од:

Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, годинава на аџилак во светите исламски места Мека и Медина, ќе заминат 17 верници.

– За верниците кои заминуваат на аџилак, во присуство на нивни роднини и пријатели ја одржавме молитвата (довата) ја хаџ. И сите други потребни активности се реализрани, вакцинација ,визи и на 2-ри септември верниците заминуваат со авион за Саудиска Арабија, изјави дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан ефенди Хаса.

Според Хаса на аџилак од Република Макдонија заминуваат вкупно 770 верници. Нивното заминување е во организација на Исламската верска заедница.

Аџилакот е петтиот и последeн столб на Исламот, на кој секој добар верник муслиман треба да замине барем еднаш во животот, а задолжителен е за оние кои располагаат со богатство.

Би можело да ве интересира

Четириесет верници од Кумановско се вакцинирале пред заминување на аџилак

Ана Ололовска

На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија

Ана Ололовска

Годинава од гостиварско на аџилак ќе тргнат 217 лица

Наум Локоски

АНАЛИЗА: Аџилак – дали од идеологија порасна во бизнис?

Ана Ололовска