Денеска започна судењето на обвинетиот полицаец Јаким Трифуновски (39) кој во февруари годинава, на паркинг во Гостивар уби две момчиња, но веднаш беше одложено.
Трифуновски не е донесен во суд од затворот во Прилеп.
Објаснувањето е дека МВР не било во можност да асистира поради безбедносни причини. Судењето е прогласено за судење од висок ризик,
МВР не може да гарантира безбедност ниту на притворениот ниту на полицајците.
Адвокатот на оштетените реагира и се сомнева дека се работи за игра и побара процесот да се префрли во друг суд.
Полицаецот, Јаќим Трифуновски на 28-ми февруари годинава уби двајца свои соседи, Бесник Шехапи и Имран Мехмеди во Гостивар.
Во јавноста по убиството се појавија повеќе веризии зошто се случило.
Трифуновски, кој не бил на работа, со службениот пиштол ги застрелал Шехапи и Мехмеди. Тогаш, според изјавата на очевидци, сега починатите го навредувале полицаецот пред очите на неговата малолетна ќерка која била со него во автомобилот.
Другата верзија е дека полицаецот пукал во самоодбрана за да ја заштити својата ќерка која беше со него.
Семејството на Трифуновски се наоѓа под полициска заштита надвор од Гостивар.
Двојното убиство ги зовре меѓуетничките тензии до критична точка.