Од апсењата на „Табановце“: Пет полицајци во притвор, еден во домашен и еден полицаец остана без патна исправа

Од:

Пет ефективни притвори, еден домашен притвор и едно одземање на патна исправа се изречени од Кривичниот суд за уапсените на граничниот премин „Табановце“ поради примање поткуп, дознава „А1он“.

Сите осомничени беа задржани во станица 24 часа, по што по барање на обвинител беа спроведени во суд каде се бараа мерки за обезбедување присуство. Станува збор за полициски службеници кои извршувале работи на граничниот премин.

Два од одредените притвори за по 30 дена, а тоа се за командирот кој бил и шеф на смена. Притворите за останатите полицајци кај кои биле најдени пари се по осум дена. Сите од судот ќе бидат спроведени во истражниот затвор во Шутка.

Службениците се уапсени завчера, а поради сомнение дека примиле поткуп. „А1он“ веќе објави дека парите кои биле најдени кај нив биле спакувани во кутии од цигари. Пред судија на претходна постапка во Кривичен суд, дел од нив тврделе дека немаат никаков допир со парите и дека им се подметнати. Барале, од видео надзорот во кабините во кои работеле да се утврди кој и кога ги земал парите.

Би можело да ве интересира

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

На „Табановце“ се чека половина час за излез од Македонија

А1он

Гужва на „Табановце“, се чека 30 минути

Генералот Кувшинов е уапсен под сомнение за кражба на повеќе од 57 милиони рубли

На „Табановце“ времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути

На „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути