Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Од:

Годинава се навршија 150 години од изградбата на таа линија и 149 години откако на населението му беше овозможено непречено патување, размена на стоки и престој во двата града. Пругата Битола – Лерин – Солун во должина од 200 километри беше изградена за три години, а делницата Битола – Жабени од само 17 километри се обновуваше осум години.

Осум месеци по нејзиното пуштање, МЖ Транспорт укинува два пара патнички возови од Скопје за Битола, а еден од нив продолжуваше до Жабени.

Ова е и единственото „дело“ на државните железници кои во 2007 година се поделија на две нови претпријатија: ЈП Инфраструктура и МЖ Транспорт. Првото е задолжено за изградба и одржување на пругите и по закон не може да биде продадено, а второто е задолжено за товарне и патнички транспорт, модернизирање на транспортот и воведување на нови линии.

Ниту првото изгради, ниту второто го модернизираше транспортот. Првото запостави и веќе изградени пруги, а второто ги укина речиси сите патнички возови на 80% од изградените пруги.

Македонија има 699 километри отворени пруги, 226 километри станични колосеци и 102 индустриски колосеци.

Најголемиот дел од пругите се изградени пред повеќе од 100 години, односно во 1888 година била воспоставена врска меѓу македонската железница и централната и западната железничка мрежа во Европа.

Пред Втората светска војна се изградени и пуштени во сообраќај:
• Велес – Кочани на 25.08.1926
• Прилеп – Битола на 07.04.1931
• Велес – Прилеп на 20.01.1936

По ослободувањето во 1944 година е формирана Дирекција на железниците во Македонија, која имала задача да ги обнови разрушените пруги , мостови и тунели и да се оспособат за редовен сообраќај, а почнале да се градат новите железнички линии:

• Пруга Скопје – Гостивар пуштена на 25.05.1952 година
• Пругата Куманово – Бељаковци пуштена 1956 година
• Пругата Бакарно Гумно – Сапотница пуштена во 1957 година
• Пруга Гостивар – Кичево со кракот Зајас – Тајмиште пуштена е на 29.11.1969 г.
• Скопски железнички јазол и нова патничка станица Скопје пуштени на 27.07.1981 година.

ЈП Инфраструктура може да се пофали само со тие 17 километри обновена пруга, а државниот загубар МЖ Транспорт за кој „А1он“ објави истражување насловено „37 милиони евра потрошени за плати во загубарот Железници: Милион евра за седуммина директори“ ги укина сите патнички возови за Табановце, Кичево, Кочани и Битола, освен за Гевгелија.

Во 2021 година е укинат патничкиот воз Скопје-Кочани-Скопје, додека од крајот на мај истата година не сообраќа ниту единствениот воз меѓу Скопје и Кичево. Од 2020 година не сообраќа ниту брзиот воз на релација Скопје-Приштина-Скопје, додека од 4 јануари годинава, повторно се укинати возовите на релацијата Скопје-Табановце, поради што жителите на Куманово и околните села останаа без железнички превоз.
Од вкупно 699 километри пруга, за патнички сообраќај се користат 150 километри на линијата Скопје – Гевгелија која се одвива со два пара возови.

Образложението за речиси сите линии беше дека се укинати поради недостаток на машиновозачи. Во јуни годинава беа примени 40-на машиновозачи, но ниту една линија не беше обновена.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Димитриеска-Кочоска: Парите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија

Горан Наумовски

Бочварски: Наскоро средба меѓу работните групи на Србија и Македонија за изградба на брзата пруга

Бочварски: До крајот на годината ќе се распише тендер за изградба на пругата од Крива Паланка до ГП Деве Баир

Горан Наумовски