Од 331 санкционирани возачи во Скопје, 93 се за пречекорена брзина

Од:

Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 331 санкција.

Како што денеска соопштија од МВР, 49 лица се санкционирани за возење без возачка дозвола, за пречекорување на дозволената брзина на движење се 93 прекршоци, 42 се за технички неисправни и нерегистрирани возила и 31 санкциониран мотоциклист.

Изречени се и 36 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираате до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози